Работиме на целосно расчистување на синоќешниот настан во општина Шуто Оризари, ијзави денеска министерот за внатрешн работи Оливер Спасовски.
„Повредени се двајца полициски службеници кои во тој момент не биле на работа, туку приватно биле во Шуто Оризари по претходна дојава дека се случуваат наводни киндапирања на деца во општината. Дојдвата ја добиле по „Фејсбук“, а досега нема пријава за таков настан“, изјави министерот за внатрешни работи.
Вчера, на улицата Индира Ганди биле нападнати полициски службеници кои не биле на должност. Тие со возило пристигнале и биле претепани од страна на жителите во населбата.
„Инцидентот се случил кога малолетничка, наводно, видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од Полициската станица Чаир, кои не биле на работа. Насобраните ги нападнале лицата што биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување лекарска помош“, соопшти МВР вчера.
Со полициските службеници што не биле на работа во возилото имало уште едно лице на 39-годишна возраст. Двајца од нив добиле тешки телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ и комплексот клиники „Мајка Тереза“. Трите лица се од Долно Блаце.