Легендарниот светски шампион во тешка категорија и градоначалник на Киев, Виталиј Кличко е примен во болница. Тој е хоспитализиран на клиниката во австрискиот град Св. Јохан во Тирол. Според информациите, поголемиот од браќата Кличко влегол во здравствената установа на 26 јануари по Светскиот економски форум во Давос, на кој Виталиј учествувал.
– Виталиј Кличко мина низ прегледи и рехабилитација во Австрија. Причината е влошување на стара повреда во грбот на боксерот. Немаше хируршка интервенција, рече прес-секретарот на Кличко, Оксана Зиновиева.
Виталиј Кличко доби повреда на грбот во 2007 година, кога се подготвуваше за своето враќање во боксот. Тој требаше да се бори со Американецот Џамил Меклејн во Минхен, Германија, но натпреварот беше откажан, а легендарниот Украинец беше