ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев се фали со наша инвестиција

СДСМ, Зоран Заев и Кочо Анѓушев продолжуваат да се фалат со инвестициите на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска без нималку срам вели дека во Технолошко индустриската развојна зона „Скопје“ ќе има нов инвеститор индиска „Малхотра“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ова е инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ, не на СДСМ. ,,Влезот на компанијата беше најавен декември 2016 година, а градежните работи требаше да завршат на крајот на 2017 година. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја најави оваа инвестиција во висина од 9,3 милиони евра.

Лагите на СДСМ се секојдневие. Единствена цел им е да ги излажат и изманипулираат граѓаните.Граѓаните веќе ги чувствуваат лагите на СДСМ. Затоа оваа влада треба да си замине. Граѓаните ќе стават крај на лагите и црнилата на СДСМ”, се додава во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави