Во дворот на СГУГС „Михајло Пупин“ почна изградба на полигон за тренинг на електро-монтери и електро-техничари

Во дворот на средното училиште „Михајло Пупин“ денеска почна да се гради полигон за тренинг на електро-монтери и електро-техничари. Преку овој проект учениците ќе можат да конкурираат за паралелката во која ќе се здобијат со стручност и компетенции преку кои ќе им се отвори можност да се вработат во ЕВН откако ќе го завршат школувањето.

– Денеска почнуваат градежните работи за поставување опрема на полигон во дворот на ова училиште, за потребите на учениците кои го изучуваат профилот електричар – електромонтер на електроенергетски мрежи. Полигонот ќе помогне во подигнувањето на квалитетот на практичната настава. Со изградбата на полигонот ќе се овозможи делот од практичната настава којашто досега се изведуваше во компаниите, да се изведува и на полигонот во кругот на училиштето, на начин што ќе симулира работа во реални услови. На тој начин ја зголемуваме конкурентноста на овие млади луѓе при излегувањето на пазарот на трудот во Скопје и во Македонија – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој се заблагодари на ЕВН – Македонија која го почна овој проект и го надградува секоја година. Град Скопје ќе продолжи да поддржува вакви проекти со кои младите жители на Скопје ќе можат успешно да работат на својот личен и професионален развој, а притоа да нема потреба заради тоа да го напуштаат својот дом.

На почетокот на градежните работи на полигонот за тренинг на електро-монтери и електро-техничари присуствуваа и министерот за образование и наука, Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски.

Треба да знаете
Последни објави