Маж кој уби 15 луѓе со автомобил, во централна Кина, денеска е егзекутиран, објавија државните медиуми.
Тој на 12 септември минатата година со автомобилот дошол на плоштадот во градот Хенгјанг, во покраината Хунан, и се забил во луѓето. Потоа со нож и лопата ги нападнал, убивајќи 15 и ранувајќи 43 лица.
Тој беше осуден на смртна казна поради загрозување на јавната безбедност со опасни методи, објави новинската агенција „Синхуа“.
Огненото оружје е строго контролирано во Кина, но повремено се случуваат напади со нож, возила и експлозиви од домашно производство, а обично за тоа се виновни душевно болни лица или оние кои му се лути на општеството.