Во Танзанија пронајдени мртви десет киднапирани момчиња

Властите во Танзанија ги најдоа искасапените тела на 10 момчиња, кои претходно беа киднапирани, изјави заменик-министерот за здравство на земјата.

Тој додаде дека момчињата исчезнале во декември во југозападниот дел на Танзанија, а нивните тела биле пронајдени минатата недела кога полицијата почна потрага по децата во областа Џомбе.

Заменикот-министерот Фаустин Н’дугулиле рече дека кај сите десет момчиња биле отстранети забите и половите органи, што укажува дека убиствата се поврзани со вештерски ритуали.

Момчињата, меѓу кои најмладите на 7-годишна возраст, биле киднапирани од своите домови. Од декември наваму многу родители ги пријавиле своите деца за исчезнати, а Министерството за здравство го истражува бранот убиства што ја зафати земјата.

Заменикот-министерот изјави и дека овие убиства не се поврзани со ритуалните убиства на луѓе со албинизам, кои се многу чести во Танзанија и другите делови на источна Африка.

Танзаија има многу висока стапка на албинизам, а многу од овие луѓе се убивани поради нивните коски и органи, кои потоа се коирстат за магии и магични напивки, тврди „Амнести интернешнл“.

Треба да знаете
Последни објави