Германските власти го депортираа Изудин Јакуповиќ во Босна и Херцеговина, кој е државјанин на оваа земја, а кој во Германија е осуден на три години затвор поради поврзаност со тероризам, потврди Државната агенција за истраги и заштита на БиХ (СИПА).
Портпаролот на СИПА, Лука Миладиновиќ, изјави дека Јакуповиќ (36) од Тузла, по пристигнувањето во земјата, бил сослушан и потоа бил ослободен затоа што не постоеле причини да му се определи притвор. Не е прецизирано дали ќе бидат определени мерки за надзор.
На Јакуповиќ, кој е депортиран по отслужување две третини од затворската казна, му е изречена и мерка забрана за влез во Германија. Тој е осуден затоа што било утврдено дека собирал пари и возила за терористичката група Јунуд ал-Шам во Сирија. Јакуповиќ студирал на катарскиот универзитет „Ал Ажар“. Со години живеел во Германија, во Штутгарт, каде што проповедал радикален ислам и во џамиите собирал пари за терористите лажејќи дека се за хуманитарна помош за сирискиот народ.