Според тамошните медиуми, пожарот бил предизвикан од пациент кој се самозапалил.
„Пожарот однесе два човечки животи“, изјави министерот за здравство во куса изјава за медиуми без да додаде други детали.
Според неофицијални информации, пожарот избувнал во просторија каде што се згрижуваат најтешките пациенти.
„Според нашите информации, еден од пациентите кои со себе имал запалка сам се запалил, по што пламенот набрзо се проширил низ целата просторија и двајцата пациенти кои биле со него во истата соба изгореле“, објави телевизијата ПОП, додавајќи и дека едно лице е со тешки изгореници од Јесенице со хеликоптер бил пренесен во болница во Љубљана.
Пожарот најверојатно зафатил два ката од болницата. Во болницата сè уште е во тек истрагата на полицијата. Директорот на болницата изјави дека вкупно 50 пациенти биле евакуирани.