Сигурно сте ја слушнале изреката дека „смеењето е лек“, но смеењето може навистина да ја излечи вашата врска кога имате проблеми.
Истражување спроведено на Универзитет покажа дека двојките што секој ден се смеат заедно послесно ги решаваат проблемите, посреќни се и имаат поцврста врска од оние што несе смеат заедно.
Во истражувањето биле опфатени 77 двојки што биле заедно најмалку четири години.
Партнерите биле замолени да раскажат разни ситуации од нивниот секојдневен живот и да проценат дали на дневна база за нешто се смеат заедно, без разлика дали е тоа некој филм, емисија и случка од секојдневниот живот.
Двојките што одговориле потврдно, односно дека секој ден има нешто за кое се смеат заедно, подоцна во другите испитувања ги опишувале и оценувале нивните партнери многу попозитивно и посрдечно во споредба со паровите кои не се смеат често.
Тие исто така полесно ги решавале проблемите со кои се соочувале и се чувствувале поблиски со партнерот.
Една од авторките на истражувањето вели:
„Многу е важно да се напомене дека станува збор за заедничко смеење. Кога само едниот партнер се смее, а другиот е сериозен, личноста која се смее по некое време ќе се засрами и ќе помисли дека нешто не е во ред со неа или со нивната врска“.