Без САД, Косово немаше да биде ослободено од Белград. Ова го изјави албанскиот премиер, Еди Рама, во интервју за „Дојче веле“ во Берлин, цитиран од водечкиот приштински весник „Епока е ре“.
Запрашан за притисокот на Вашингтон врз владата на Харадинај за повлекување на царинските давачки врз српските производи во земјата, Рама рече дека САД се ангажирани со Косово и без нив земјата немало да биде независна.
Лидерот на кабинетот во Тирана увери дека неговата земја ќе го поддржи секој договор помеѓу Белград и Приштина сѐ додека го добива благословот од САД и Европската Унија.
„Овој дијалог мора да зварши со историски договор помеѓу Косово и Србија“, рече Рама.