Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против И.Б.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување
Осомничениот е вработен во Затвор Куманово во Одделение за стручно – инструкторски работи-Сектор за ресоцијализација, на работно место Самостоен референт за практична обука на осудени лица од областа на дрво – преработувачка дејност. Тој ја злоупотребил неговата службена должност и овластување и во просторија лоцирана во кругот на затворот со намера да го продаде на осудените лица во затворот за одреден паричен надоместок, внел и прикрил еден мобилен телефон .