Захарова: Порошенко не ја искористи можноста за мир

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска истакна дека изјавата на украинскиот претседател Петро Порошенко дека сака мир со Русија се само празни зборови.

– Порошенко имаше можност за глобален мир како во земјата, така и во светот, со реализација на Договорот од Минск, посочи Захарова.

Захарова додаде дека Порошенко не ја искористил таквата можност.

– Давање на празни ветувања, а не исполнување на претходните – тоа  наликува на него, посочи Захарова.

Порошенко изјави дека на Киев му е потребен „студен мир” и оти луѓето се уморни од војната.

– Секако потребен ми е мир со Русија, Студен, но мир. Луѓето се уморни од војната. Руската пропаганда игра на ова болна емоција. Темата за војна и мир е една од главните на изборите, бидејќи народот нема да избира само претседател, туку и врховен командант, истакна Порошенко.

Тој додаде дека Киев ќе продолжи да инсистира на решавање на судирите во Донбас со политички и дипломатски средства.

Треба да знаете
Последни објави