Изложба на дела од Еди Рама во Берлин

Iзложбата на дела од премиерот на Албанија, Еди Рама, е во тек во галерија во Берлин.

Албанскиот премиер Еди Рама (54) слика на документи и хартии кои ги користи во секојдневниот живот. Често овие цртежи ги печати како тапети и ги продава.

На изложбата во Берлин, како и претходно во Тирана, е и неговото дело што го наслика врз писмото до германската канцеларка Ангела Меркел, како и она врз писмото до албанскиот претседател Илир Мета за назначување на министер за внатрешни работи.

Изложбата насловена „Works“ е отворена во берлинската галерија „Carlier и Gebauer” до 9 март 2019 година.

Во интервју за ДВ, Рама вели дека цртежите немаат никаква врска со политиката

Треба да знаете
Последни објави