Албанските власти пред неколку години почнаа агресивна акција со надеж дека со уништувањето на полињата со канабис и апсењето на одгледувачите ќе го намалат криумчарењето на дрога и ќе и помогнат на земјата да се приближи кон ЕУ, но дилерите постепено се префрлија во смртоносна игра тргувајќи со кокаин и хероин, пишува „Индипендент“.
Британскиот весник во опширен текст насловен „Европската Колумбија – Како малата Албанија стана седиште на криумчарење на дрога на континентот“, наведува дека трговците сега за ја користат мрежата што ја користеле за канабисот. Тие го дистрибуираат кокаинот од Латинска Америка и хероинот од централна Азија преку Италија и останатите делови од Европа.