Дали го има Груевски на безбедносните камери од премините во Албанија сè уште ќе остане енигма, пишува makfax.com.mk. Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, рече дека не било постапено по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби на Албанија и дека до овој момент снимките од безбедносните камери со кои треба да се утврдат рутата и деталите за бегството на осудениот експремиер Никола Груевски од Албанија не се обезбедени.
