Британскиот тенисер Енди Мареј вчера правеше операција на колкот во Лондон.
Тројниот освојувач на Гренд слем турнири најави дека ова му е последна сезона во професионалната кариера и дека би сакал да се пензионира со Вимблдон.
Меѓутоа, се чини дека Австралија Опен, каде беше поразен во првото коло од Роберто Баутиста-Агут, ќе му биде последниот турнир во кариерата.
„Ми вградија метален колк. Се надевам дека ова ќе биде крај на моите болки“, напиша 31-годишниот Мареј на социјална мрежа.
Мареј еднаш веќе правеше операција на колкот лани во јануари, но по враќањето на теренот во јуни одигра само 15 мечеви и во неколку наврати изјави дека постојано чувствува огромни болки.