Марота добил зелено светло: Конте од идната сезона во Интер?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте од идната сезона ќе го предводи милански Интер.

Се пренесува дека Конте веќе преговара со управата на Интер, откако поради лошите резултати веќе е речиси сигурно дека Лучијано Спалети ќе добие отказ по крајот од сезоната.

Наводно спортскиот директор на Интер, Бепе Марота добил зелено светло од управата за почеток на преговори со Конте и веќе тоа било практично завршена работа. Конте ќе престане да добива плата од Челси во јули и токму тогаш се очекува да стави потпис на договор со Интер.

Инаку, Конте и Марота се стари познаници од времето во Јувентус кога Марота, тогашен спортски директор на „Бјанконерите“ го доведе Конте во Торино со што започна доминацијата на Јувентус во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави