Мешањето водка со енергетски пијалак може да предизвика ризично однесување

Резултатите од едно најново истражување покажаа дека мешањето на водка и енергетски пијалак може да доведе до ризично и насилно однесување.

Младите луѓе, особено тинејџерите, многу често ја избираат оваа комбинација ако пијат алкохол.

Меѓутоа, комбинацијата од водка и енергетски пијалак воопшто не е здрава. И не само тоа, може да биде опасна.

Доктор , кој е коавтор на истражувањето, изјави дека оваа комбинација води до намалување на чувството на страв и проблемите со друштвена комуникација, што колективно го зголемува ризикот од тепачки, насилство и други видови ризично однесување.

Истражувањето било спроведено кај риби поделени во четири јата.

Едно јато било во вода, друго било изложено на алкохол, третото на таурин, што е состојка на енергетските пијалаци, и четвртото на мешавина од алкохол и таурин.

Било утврдено дека рибите од јатото во четвртиот базен пливале во близина на опасната зона и покажувале форми на ризично однесување, а исто така поминувале повеќе време во зоната со предатори во споредба со останатите риби.

Претходни истражувања покажаа дека енергетските пијалаци лошо делуваат на желудникот, нервниот систем и предизвикуваат проблеми со срцето.

Овие пијалаци, освен многу шеќери, содржат и 80мг кофеин во 250 мл, од прилика колку две и пол лименки на познат газиран пијалок.

Треба да знаете
Последни објави