Општина Бутел додели благодарници на „Здравје Радово“

Градоначалникот на Општина Бутел г-дин Велимир Смилевски, денес оствари средба со претставници од компанијата „Здравје Радово“, г-дин Сашо Нефовски и г-ѓа Лидија Христова.

Повод за денешната средба е предновогодишната донација од која беа доделени 300 детски јакни, пакети со прехранбени производи за семејства од социјално ранлива категорија и пакети со јогуртчиња за сите ученици во основните училишта на територија на Општина Бутел.

Градоначалникот Смилевски ја истакна важноста на опшествената одговорност на бизнис секторот во поглед на хуманоста кон социјално ранливите категории на семејства и изрази надеж дека и во иднина ќе продолжат заедничките соработки од ваков карактер.

На крајот од средбата Градоначалникот им додели благодарници, на преставниците од “Здравје Радово” за предновогодишната донација.

Треба да знаете
Последни објави