Ослободена христијанката од Пакистан која го навреди исламот, се очекуваат нови судири

Пакистанскиот врховен суд ја отфрли жалбата за ослободителната пресуда изречена на христијакната која беше осудена на смртна казна поради богохулење.

Трочлениот суд во Исламабад ја потврди ослободителната пресуда, а поради страв од насилни протести на исламистички собири, зголемена е безбедноста околу институциите, но и во делови на земјата. Засега нема информации за протести.

Врховниот суд во Пакистан ја ослободи христијанската Асија Биби кон крајот на октомври, која беше осудена на смрт поради богохулење во 2010 година, чиј случај предизвика лутина и насилство во земјата, но и во странство. Биби помина осум години во затвор.

Пресудата предизвика гнев кај фундаменталистичките верски кругови кои неодамна бараат нејзина егзекуција.

Асија Биби, која е мајка на пет деца и работела на фарма, била осудена на смртна казна по караница со еден муслиман за чаша вода. Таа негативно зборувала за исламот откако други работници ѝ пререкле дека пие од нивна чаша а не е муслиманка, пишува Ројтерс.

Нејзиниот случај имаше меѓународен интерес и му го привлече вниманието на папата Бенедикт 16 и на папата Франциск.

Треба да знаете
Последни објави