Повреден градежник откако паднал од скеле

Градежник бил повреден откако паднал од скеле, вчера во Битола, информираше МВР.

-На 28.01.2019 година во 10.00 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во фирма на улицат Бурса е тешко повреден Д.Д.(40) од Прилеп. Тој, како претставник на друга фирма, дошол во Битола да договори работа со сопственикот на фирмата. Во еден момент Д.Д. качувајќи се на градежно скеле, се лизнал и паднал на подот. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Битола, во присуство на трудов инспектор, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави