Пржената храна води кон прерана смрт

Со години се истражува и пишува за штетното влијание на претераното консумирање пржена храна, а секојдневно сме сведоци на бројни докази за нејзината штетност.

Секојдневното консумирање на ваква храна води кон поголем ризик од развој на дијабетес, срцеви заболувања и дебелина. Додека некои мислат дека секојдневното јадење пржена храна во помали количини не може да им наштети, сепак науката го вели спротивното. Најновото истражување покажува дека и малите количини можат да доведат до прерана смрт предизвикана од кардиоваскуларни проблеми.

Научници од Универзитетите во Ајова и Вашингтон објавија истражување во медицинско списание во кое истражувале како секојдневното консумирање пржена храна влијае на жените во менопауза.

Истражувањето е спроведено на 100.000 жени на возраст од 50 до 79 години. Во истражувањето се вклучени од 1993 година до 1998 година, а за тоа време починале 31.588 жени. 9.000 од нив починале од срцеви заболувања, 8.000 од рак.

Научниците проценувале колку во нивната исхрана биле застапени  пржените оброци како пржена риба, пржено пилешко месо и пржени компири. Кога ги споредиле животниот стил на овие жени и нивните навики откриле дека секојдневното консумирање пржена храна води во прерана смрт.

Ако секој ден јадете една или повеќе порции пржено пилешко тоа ќе резултира со зголемување на веројатноста за прерана смрт од било која причина за 13 проценти, додека за 12 проценти се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Треба да знаете
Последни објави