Бадр Хари е еден од четворицата кикбоксери чии допинг-тестови биле позитивни. Покрај Хари, позитивни допинг-тестови имале Младен Бресотвац, Хесди Гергес и Ариел Мачадо.
Бадр Хари е најпознато име во оваа конкуренција. Тој е поранешен светски првак во К-1 и финалист во К-1 во 2008 година кога остана без титулата поради неспортско однесување против Реми Бонаски. Имаа 60 победи и пет порази во кариерата.
Хари двапати издржувал затворска казна, во 2013 година кога го претепал сопственикот на еден ноќен клуб во Амстердам и во 2017 година поради насилничко однесување.
Овој кикбоксер е познат и како голем пријател на Кристијано Роналдо, а добар пријател е и со ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ.