САД во понеделникот го обвинија кинески производител на мобилни телефони „Хуавеј“ за голем број кривични дела во два одделни случаи, пренесува РТ.
Едно обвинение со 13 точки се фокусира на наводните обиди на компанијата ги доведе во заблуда властите на САД за да спроведат бизнис во Иран. Друго обвинение наведува дека „Хуавеј“ украл трговски тајни од T-Mobile, спровел измама и ја попречувал правдата.
Случајот се врти околу технологијата која го имитира човечкиот отпечаток од прст и се користи за тестирање паметни телефони. Од „Хуавеј“ велат дека двете компании ги решиле своите спорови во 2017 година.