Турска амбасада: Скандалозна финансиската подршка на Владата за „Заман Македонија“

Владата на Република Македонија објави список на печатени медиуми на кои им доделува финансиска поддршка меѓу кои и е и весникот „Заман Македонија” поврзан со терористичката организација ФЕТО, одговорна за неуспешниот обид за државен удар во Турција.

Познато е дека Република #Турција ја поддржува Република Македонија од нејзината независност на сите важни полиња. Поддршката и односот на Република Турција кон Република Македонија отсекогаш биле пријателски и добронамерни. Одлуката на Владата на Македонија да се додели финансиска поддршка за весник на ФЕТО ја сметаме за скандалозна и неприфатлива. Очекуваме дека Владата на Македонија ќе ја преиспита својата одлука и ќе ги земе в предвид долгогодишните пријателски односи помеѓу двете земји и двата народи.

Треба да знаете
Последни објави