Двајца охриѓани се осомничени дека ограбиле куќа во село Лескоец, информираше МВР.
Станува збор за И.С.(23) и Д.Б.(20) против кои е поднесена кривична пријава за тешка кражба.
Според полицијата, кражбата се случила на 18.11.2018 година во периодот од 17 до 21.15 часот. Тие провалиле во куќа во селото и од сеф зеле австралиски и американски долари во вредност од околу 525.000 денари и мобилен телефон.