Затвореник се обидел да избега откако бил донесен на физикална терапија во Заводот во Козле, но чуварите го спречиле, информираше МВР.
-На 28.01.2019 година во 14.15 часот во СВР Скопје, вработен во затворската полиција пријавил обид за бегство на затвореник. Според пријавата, во 11 часот затвореникот Е.К.(33) од Скопје, кој во КПУ “Идризово“ е на издржување казна затвор од 10 години и 6 месеци, за укажување на медицински третман бил донесен со четири затворски полицајци во Завод за рехабилитација на улица „Козара“. Таму се задржале до 13.30 часот, а по излегување од ординацијата Е.К. почнал да бега. Но веднаш бил фатен од затворските полицајци, кои испукале и два предупредувачки куршуми во воздух, велат од МВР.
Потоа Е.К. бил спроведен до Арестанско одделение во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.