Хорор во Дубровник: Пронајдени тројца мртви и еден ранет во стариот дел на градот

Тројца мртви и еден ранет се пронајдени во стан во старот дел на Дубровник. Полицијата примила повик во 6.50 часот изутринава дека се станот има три безживотни тела. Едно лице е рането и веднаш е пренесено во болница.

Според првичните информации, се претпоставува дека маж ја убил сопругата и нејзиниот татко, ја ранил и нејзината мајка, по што се застрелал. Неофицијално, станува збор за семејство на поморец, кој е загинат и на возраст од 75 години, а неговата една година помлада сопруга е ранета во нога.

Полицијата и обвинителството се на терен, каде во тек е увид.

 

 

Треба да знаете
Последни објави