Двајца државјнаи на Унгарија биле повредени кога автомобилот во кој се возеле излетал од коловозот, утрово на автопатот Неготино-Велес.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 6.30 часот во близина на наплатната рампа.
Според полицијата, во сообраќајката со повреди се здобиле маж и жена од Унгарија. По сообраќајката двајцата со возило на Итна помош биле однесени во велешката болница и по дадената лекарска помош биле пуштени.