Меси: Добив нов најголем критичар во последно време

Лионел Меси игра на исклучително високо ниво оваа сезона и од коло во кола ја води Барселона се поблиску до нова титула во Примера, но повеќе од јасно е дека негова примарна цел оваа кампања е трофејот во Лигата на шампионите, нешто што самиот си го постави како главен фокус уште во месец август.

Аргентинецот имаше свое обраќање пред возвратниот дуел со Севилја во Копа дел Реј кој денес се игра на „Камп Ноу“, па пред истиот ги повика фановите на Барселона да имаат голема улога во обидот да се направи пресврт, но исто така се наврати и на една интересна тема која во последно време станала многу актуелна во неговиот приватен живот.

Меси честопати знае да добие критики од одредени луѓе кои работат во фудбалот за некои свои послаби изданија на теренот, но како што вели самиот, во последно време во најголем критичар се претвори неговиот најстар син Тијаго кој полека почнува да ги разбира работите околу фудбалот.

– Тијаго знае највеќе за фудбал бидејќи е најстар. Зборува за се и постојано е многу вклучен за сите случувања во фудбалот. Веќе добив неколку критики од него. Ја следи Барселона, Ла Лига и Лигата на шампионите. Сака да ме гледа како играм, поставува секакви прашања, но кога работите не одат добро, ме критикува и ми дава оценки. Се претвора во мој најголем критичар, – открива Меси.

Треба да знаете
Последни објави