Пјатек најави уште подобри партии: Ова е само почеток…

Милан успеа да го реши Наполи и да се пласира во полуфиналето на Купот на Италија. „Росонерите“ победија пред своите гледачи со 2-0, а главниот збор го имаше новото засилување Кшиштоф Пјатек.

Полјакот ги постигна двата гола за клубот од Милано и тоа во првите 45 минути од средбата што се покажа како доволно за голем триумф. Пјатек беше задоволен од изданието, но воедно вети дека ова е само почеток, односно дека во иднина ќе биде далеку подобар и ќе ги радува „црвено-црните“ навивачи.

– Очекував една ваква ноќ. Реков дека сум подготвен, ова е само почеток. Двата гола беа одлични, иако беа различни. Пред натпреварот разговарав со Диего Лаксалт и Фабио Борини и побарав од нив нив да ми дадат висока и долга топки, затоа што подобро ми е на тој начин. При вториот гол требаше да се соочам со Кулибали, ама се добро се заврши. Веќе размислувам за следниот меч со Рома и се надевам уште подобро ќе се разбираме со соиграчите. Се чувствував добро вечерва и беше прекрасно да играм во Сан Сиро, – истакна Пјатек.

Треба да знаете
Последни објави