Британскиот парламент усвои амандман кој спречува брегзит без договор

Откако партениците на британскиот парламент гласаа против предлогот за одложување на брегзит, тие усвоија и необвзувачки амандман со кој се исклучува можноста за напуштање на Унијата без договор со Брисел. Тие исто така усвоија и амандман со кој се бара алтернативно репение за т.н бекстоп за ирската граница.

За првиот амандман гласале 318 пратеници, додека против биле 310. Амандманот е правно обврзувачки за владата, но има политичка сила како изразена волја на парламентот.

Амандманот сигнализира дека парламентот во целина се противи на напуштањето на ЕУ без договор, што, според планот, треба да се случи на 29 март, доколку не се договори алтернатива, но не ја обврзува Владата да спречи таков Брегзит.

Парламентот на почетокот на месецов со убедливо мнозинство гласови го одби понудениот договор со Брисел и сега се гласа за можните идни чекори.

 

Треба да знаете
Последни објави