Руски пратеник кој се сомничи дека нарачал две убиства е уапсен денеска во рускиот парламент пред очите на пратениците, пишува АП. Пратеникот Рауф Арашуков, се обидел да побегне, но бил фатен од специјалците.
34-годишниот Арашуков го претставува регионот на северен Кавказ, а е фатен откако горниот дом на рускиот парламент му го укинал имунитетот.
Тој се товари дека во 2010 година наредил две убиства. Тој, како што пренесуваат руските медиуми, потекнува од богато семејство, а во 2016 година бил најмлад пратеник во рускиот парламент.
https://twitter.com/BreakingMash/status/1090561884091236352