Политичар кој го нарече својот народ искомплексиран, нема никакво право да биде министер за надворешни работи односно Никола Димитров треба да си поднесе итна и неотповиклива оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на прес-конференцијата на Костадин Костадинов, кој изјави дека едвај 20 пратеници гласале за интерпелацијата на Димитров.
Според опозициската партија, Никола Димитров работи на штета на државниот и националните интереси.
„Доколку СДСМ смета дека Никола Димитров ужива поддршка кај граѓаните, нека распише веднаш предвремени парламентарни избори и нека излезе со ветување дека истиот ќе биде министер за надворешни работи и тогаш ќе го добие одговорот од граѓаните дали тие се согласуваат со дораспродавање на она што останало“, се наведува во партиската реакција.