Група адвокати во писмо до Европскиот парламент ја обвинуваат ЕПП за кршење на основните ЕУ вредности

Од Европскиот парламент беше побарано да спроведе истрага за како што велат од групата, прекршување на основните европски вредности од страна на ЕПП.

Оваа група загрижени граѓани тврдат дека ЕПП и асистирала на владата во Унгарија да го попречи владеењето на правото и постапила спротивно на принципите на унијата.

Европскиот парламент во септември гласаше да го активира Членот 7 против Унгарија.

„Имаме де-факто еднопартиска држава, која одржува регуларни избори со цел преправање дека се уште владее демократија.

Всушност се работи за автократска влада која организира избори од време на време, на кои не може да биде победена затоа што тоа не се фер избори,“ Лорен Печ, професор на Универзитетот Мидлсекс на овој начин ја опиша унгарската влада.

Тој додаде и дека од активирањето на Членот 7, ситуацијата со владеењето на правото во земјата е само влошена, и буквално нема никаков ефект врз владеењто на Орбан.

„Не знам што прават. Не знам колку време е потребно за да се организира едно формално сослушување на унгарската влада.“

Треба да знаете
Последни објави