Господинот Мицотакис веројатно има целосно незнаење за тоа каква слика им има дадено тој, неговата партија и насилните постапки на јуришните групи во грчкиот парламент од последниот протест, на меѓународната јавност и на европските лидери поради Договорот од Преспа, коментираат грчки владини извори за изјавата на лидерот на Нова демократија кој рече дека Ципрас е „недостоен премиер” и „го дели народот”, јави дописничката на МИА од Атина.
-Ако камерите вчера ги снимаа и off the record коментарите на европските лидери, можеби и ќе ја сфатеше штетата што ја има направено како во неговата партија, така и во земјата. И ако не ни верува, нека ги слушне денешните официјални изјави на претседателот Анастасиадис, кој како што е познато не ѝ припаѓа на левицата, коментираат изворите од грчката влада.