Според наредбата на Вишиот обвинител во Лесковац, локалната полиција почнала да работи на случајот на надрилекарот Мирољуб Петровиќ од селото Петровац, кај Лесковац, кого Македонката Билјана Јовановиќ (32) го обвини за смртта на нејзиниот брат Славчо Петров (31), кој почина од тумор на мозокот, потврдено е неофицијално за “Блиц”.
Според Билјана, Петровиќ им рекол во никој случај да не одат на лекар и дека само од неговата тинктура ќе му биде подобро. Кога Славчо починал, целата вина за неговата смрт ја префрлил на семејството.
Откако стапила во контакт со Петровиќ, таа му рекла дека Славчо направил магнетна резонанса која наводно покажала дека 90 отсто станува збор за бениген тумор и дека ако се оперира постои можност моторната функција на мозокот да се оштети.
Од комуникацијата меѓу надрилекарот и Билјана може да се види дека тој остро реагирал на тоа тие воопшто се обратиле на лекарите, како и да не се занимаваат со глупости и дека тој им ја испратил единствената терапија која може да му помогне, како и дека лековите кои му ги дале лекарите на Стевче не треба да ги зема оти не е важно што вели магнетната резонанса, туку како се чувствува нејзиниот брат.
Според неа, Славчо поминал шест дена во центарот на Петровиќ, а за секој ден им наплатил по 120 евра.
Бидејќи здравствената состојба на момчето не се променила и после тоа, Билјана повторно му пишала на Петровиќ, а тој одговорил дека ако Славчо бил „една година кај нив во центарот и под надзор на стручно лице, сигурно никогаш не би имал епилептичен напад“, како тоа „дека нејзиниот брат има проблем со демоните“.
Петровиќ, кога се соочи лице во лице со Билјана во телевииска емисија негираше дека е виновен за било што, бидејќи, како што рече „тој не ги лекува луѓето, туку им дава само совети за тоа како да си помогнат“. Меѓутоа, она што тој го напишал во електронските пораки испратени од Билјана јасно покажува дека она што го тврди не е вистина.
Според обвинителството, има индикации дека Петровиќ извршил сериозен криминал против човечкото здравје, за што може да добие до 12 години затвор.
Најмалку двајца пациенти кои биле изложени на „третман“ кај Петровиќ се починати. Уште еден случај за кој исто така пишуваше Блиц е за Маријан Батовац, кој почина во март 2018 година од рак на панкреасот, исто така следејќи ги советите на надрилекарот Петровиќ, да не оди на лекар и да ја пие неговата тинктура.