Полициските диспечери кои дежураат на американскиот број за итни случаеви, 911, навикнати се на секојдневни прашања од несекојдневни ситуации.
На Антонија Банди од Лафајет, Индијана ѝ се допаднало справувањето со момче од основно училиште кое ѝ се јавило за да ѝ се пожали дека „имало многу лош ден во училиште“, пишуваат американските медиуми.
Ѝ се пожалило дека има „куп домашна задача“, а диспечерката во продолжение на разговорот дознала дека станува збор за математички задачи.
На социјалните мрежи, се слуша како Антонија со момчето решава задача: „Три четвртини плус една четвртина е еднакво на едно цело“. И задачата била многу лесно завршена.
Момчето на крајот пристојно ѝ се заблагодарило и ѝ се извинило на Антонија што ја „вознемирило“.
Полицијата вели дека повикувањето на бројот 911 не е за советување во случај на проблеми со домашната задача.