Општина Аеродром ги повикува сите заинтересирани невработени лица да се пријават на јавниот повик во програмата за јавни работи на територијата на Општината. Работниот ангажман ќе трае во периодот до 31.12 2019 година, за работно ангажирање со полно работно време, односно 40 часа неделно.
„Обрврските на ангажираните работници ќе бидат одржување на чистотата и хигиената на јавните површини, односно чистење на смет, празнење на уличните корпи за отпадоци, чистење и собирање на суви лисја, гранки и слично, како и одржување на зеленилото на јавните површини и парковите на територијата на општина Аеродром, одржување на локалните улици, патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови и слично. Висината на дневниот паричен надомест изнесува 550 денари“, информираат од општината Аеродром.
Право на учество во Програмата за јавни работи имаат сите невработени лица кои се пријавени во Агенцијата за вработување, кои се работоспособни, а претходен ангажман во истата област ќе се смета за предност при изборот.
Заинтересираните кандидати е потребно да пополнат и поднесат до архивата на Општина Аеродром образец Пријава за јавен оглас за ангаѓирање на лица за вршење на јавни работи кој може да се подигне од архивата на Општината или да се превземе елктронски на официјалната веб страна www.aerodrom.gov.mk.