Османи се извини, но не се откажува од тужби

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи се извини и соопшти дека немаат намера да поднесат тужби против поголемиот дел од медиумите, меѓутоа од партијата очекуваат оние кои, како што рече, ширеле лажни вести за скандалот за ПИОМ да се извинат, а во спротивно ќе мора своите тврдења да ги докажат на суд.

Ако мојата изјава, која секако ја дадов како портпарол на партијата ДУИ, некои од овие медиуми ја сфатиле како закана, дозволете јавно да се извинам и да се обврзам во моите наредни изјави да бидам попрецизен“, рече Османи.

Османи апелираше до политичарите и претставниците на малите партии, кои изразиле директно обвинување за криминал и кражба да ја сфатат грешката. Во спротивно, како што рече, навистина ќе бидат приморани и ќе поднесат тужба за тенденциозно изнесените невистини. Слична порака упати и до медиумите и порталите кои, како што подвлече, преку лажни вести го скандализирале случајот.

Наша цел е да го заштитиме јавниот простор, оставајќи им можност да ги демантираат невистините, да се извинат, во спротивно некои од медиумите ќе мора исто така своите тврдења да ги докажат на суд“, се наведува во писмената реакција на Османи.

Писмената изјава на портпаролот на ДУИ следи еден ден откако тој најави дека ќе бидат поднесени тужби до медиумите и партиите кои ја инволивирале партијата во скандалот

Треба да знаете
Последни објави