Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот, а поради појава на магла намалена е видливост од 30 до 50 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 100 до 150 метри на Страцин, од 100 до 150 метри на планинскиот превој Стража и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар, информираат од Авто мото-сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, велат од АМСМ и додаваат дека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразиц