Последна вест од Манчестер: Миленикот на Мурињо става крај на петгодишната етапа на „Олд Трафорд“

Како што се ближи крајот на зимскиот преоден рок, така операциите и шпекулациите ќе бидат се погласни, бидејќи на клубовите ширум Европа им преостануваат нешто повеќе од 48 часа за да го добијат тоа што го сакаат, или пак да го продадат фудбалерот кој го сметаат за вишок.

Во оваа втората категорија спаѓаат Јунајтед и Маруан Фелаини, откако сите угледни англиски медиуми ова попладне пренесоа дека миленикот на Жозе Мурињо е на излезени врати од „Олд Трафорд“ откако еден кинески клуб започнал преговори со Манчестер за голем трансфер.

Оваа информација ја пренесе и најреспектабилниот медиум кој секогаш добива точни информации од клубовите, медиум кој во својата вест потенцира дека Фелаини е исклучително блиску до ставање крај на својата пет и полгодишната етапа на театарот на соништата.

Интересно, Фелаини неодамна го продолжи договорот со клубот кога шеф на стручниот штаб беше Мурињо, но со оглед на тоа што нема некоја ветувачка иднина под водство на Оле Гунар Солскјер, сите се оптимисти дека Белгиецот ќе ја прифати прималивата понуда од Кина која му ветува огромна заработувачка.

Треба да знаете
Последни објави