Пратеник од Брегот на слоновата коска затворен за ширење лажни вести на Твитер

Пратеник од Брегот на слоновата коска е обвинет на една година затвор и казна од 520 долари за ширење лажни вести и поттикнување на насилство.

Алаин Лобогнон испратил твит дека главниот обвинител планира да издаде налог за апсење на друг пратеник.

Обвинителот се огради од овие тврдења и изјави дека овој твит предизвикал низа демонстрации.

Адвокатот на Лобогнон изјави дека неговиот клиент ќе ја обжали одлуката на судот.

Тој исто така додаде и дека Лобогнон е на мета на судот бидејќи е близок со Гилам Соро, поранешен лидер на бунтовниците и премиер, кој во моментов е спикер во парламентот.

Треба да знаете
Последни објави