Иако туристите се предупредени да престанат со секс на популарна нудистичка плажа во Ибица, се чини дека никој не е заинтересиран за тоа.
Нивото на туристи кои имаат секс на најпопуларната нудистичка плажа во Ибица, почнало да ги загрозува заштитените песочни дини, наведуваат од тамошните здруженија за заштита на животната средина.
Белиот песок на плажата Ес Кавалет е толку убав што не е ни чудо дека плажата е задолжителна локација за милиони туристи во текот на сезоната, вклучително и такви склони кон разменување на страсти на јавни места.
Меѓутоа, сега и друштвата за заштита на животната средина велат дека сексот е главен виновник за ерозија на познатите, но деликатни дини, кои се дел од Националниот парк „Sea Salines“.
Геолозите и биолозите сметаат дека прекумерната сексуална активност предизвикала штета која не може да се коригира, како и дека целата област станала позната како место на кое што кога ќе зајде сонцето, започнуваат сексуалните активност. Исто така, бројот двојки кои се кријат зад дините за да водат љубов, влијае за унишувањето на чувствителни билки.
Инаку, Ес Кавалет и на интернет се промовира како идеално место за разголени прошетки со можност да најдете љубовник межи дините.
Кампањата против секс на оваа плажа е актуелна веќе со години, но се чини дека туристите ги игнорираат апелите, па властите размислуваат за воведување на казни во блиска иднина.