Холандскиот стопер Вирџил Ван Дајк најверојатно ќе го пропушти вечерашниот дуел помеѓу Ливерпул и Лестер.
Како што пренесуваат британските медиуми, Ван Дајк веќе неколку дена бил болен и не тренирал со екипата и веројатно нема да биде подготвен за настап на вечерашниот дуел на „Енфилд“ против Лестер.
Тоа се нови проблеми за тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој што веќе се соочуваше со проблеми кога станува збор за одбраната.
Имено, под знак прашалник е настапот на Арнолд и Ловрен, додека за Гомез е познато дека ќе биде надвор од терените уште некое време. Исто така, треба да се истакне дека и Матип полека се враќа во форма и нема да биде на својот максимум, со оглед на тоа што одигра само еден натпревар по враќањето од повредата.
Дуелот помеѓу Ливерпул и Лестер е закажан за вечерва во 21:00 часот и избраниците на Клоп со победа ќе имаат прилика да ја зголемат предноста пред Сити на врвот на табелата на седум бода.