СДСМ: Во фаза на реализација се 17 странски инвестиции

Успешните економски политики, напредокот во реформите и евроинтегративниот процес ја вратија довербата во македонската економија и Македонија станува атрактивна дестинација за сериозни странски инвестиции, велат од владејачката СДСМ.

Како што наведуваат од таму, од почетокот на мандатот на Владата, во фаза на реализација се 17 нови странски инвестиции.

Во Технолошко индустриските развојни зони во Скопје 1 и 2 се реализираат 12 странски инвестиции, а на други локации се реализираат дополнителни 5 инвестиции чија што вредност изнесува околу 155 милиони евра. Во првата фаза од овие новоотврени капацитети вработуваат околу 1.100 лица, а согласно нивните бизнис планови вкупниот број на новоотворени работни места треба да изнесува над 4.300“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека со порастот на странските инвестиции, расте и извозот од индустриските зони.

Од партијата на власт велат дека бројни економски показатели како растот на платите, зголемениот број на работници и намалувањето на невработеноста ја докажуваат успешноста на економските политики и реформскиот процес

Треба да знаете
Последни објави