Скопјанка палела стари алишта па се запалила

73-годишна жена од скопската населба Радишани се запалила горејќи стари алишта на тераса. Според полицијата, пожарот се случил вчера во 11.50 часот, на улицата Радишанска, на тераса од куќата сопственост на П.С.(73) од Скопје.

Пожарот настанал откако П.С. палела стари алишта, но во еден момент била зафатена балконската врата. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави