По двомесечните масовни граѓански непартиски протести во Белград и другите градови во Србија, од кои беше упатен повик до опозицијата да предложи јасен план и механизми за излез на земјата од „насилството, лошата општествено-политичката состојба и за смена на актуелната власт”, разиденатата српска опозиција се раздвижи.
По завчерашниот бојкот на собраниската седница на говорот на словенечкиот претседател Борут Пахор, денеска поранешниот претседател на Србија и лидер на Социјалдемократската партија (СДС), Борис Тадиќ на Твитер објави дека оваа партија ќе ги бојотира сите наредни седници на српското Собрание.
Тој наведе дека за „нивоата и формата” на бојкотот, СДС ќе продолжи да разговора со останатите опозициони партии.
По оставката на Саша Јанковиќ на местото претседател на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), на седница на Главниот одбор на партијата за нов лидер е избран актерот Сергеј Трифуновиќ.
Тој најави дека ќе работи на обединување на опозицијата и на „ослободување на луѓето од стравот кој владее во Србија”, но дека ПСГ нема да влезе во коалицијата Сојуз за Србија (СзС).
Бо рамкита на СзС, предводен од Драган Ѓилас, Вук Јеремиќ и Бошко Обрадовиќ, кој од пред Новата година ја бојкотира работата на Градското собрание на Белград, деновиве се водеа разговори како да одговорат на повикот на Бранислав Трифуновиќ, кој ги предводи граѓанските протоести, за бојкот на можните вонредни парламентарни избори, доколку не се обзбедат фер и слободни услови и за формирање на експертска непартиска влада која, меѓу останатото, ќе овозможи услови за трансформација на слободно и демократско уредување во Србија и ќе спроведе лустрација.
Денеска е соопштено и дека на Иницијативата на универзитетската подршка за протестите „Еден од Пет милини” досега се потпишале 950 академици, професори и доценти, со што со досегашните потписи од факултетите на сите Универзитети во Србија, таа бројка изнесува над 1.500 лица, меѓу кои се и над 100 адвокати.
За наредните денови се највени нови граѓански протести во повеќе граддови во Србија, меѓу кои и за в сабота во Белград, а за првпат протестен собир ќе се одржи и во Косовска Митровицa.