Џонс: Серена би го победила Новак, било кога и било каде

Австралиската пејачка и некогашна олимписка шампионка, Лизел Џонс, тврди дека Серена Вилијамс би го победила Новак Ѓоковиќ во потенцијален меѓусебен дуел. Тениската сезона е и официјално отворена со турнирот Австралијан Опен, од кој Новак Ѓоковиќ излезе како победник.

Мажите и жените не се натпреваруваат против себе во ниту еден спорт. Мешаните двојки во тенисот се единственото место кога мажи и жени истовремено делат ист терен во еден спорт.

Олимписката пливачка Лизел Џонс смета дека жените и мажите треба да се натпреваруваат меѓу себе. Таа вели дека зголемената конкуренција може да го направи спортот подобар, и потоа дури продолжи велејќи дека Серена Вилијамс би можела да го победи Новак Ѓоковиќ во партија тенис.

„Луѓето мислат дека мажите и жените не треба да се натпреваруваат меѓусебно, но јас мислам дека жените се подеднакво добри како и мажите – ако не и подобри. Еден пример е Серена Вилијамс. Ако Новак Ѓоковиќ се натпреваруваше против Серена, таа ќе го победува било кога, било каде“, вели Џонс.

Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс влегоа во турнирот како огромни фаворити. Серена беше елиминирана од Кристина Плишкова, додека Новак доминантно триумфираше во финалето против Рафаел Надал.

Треба да знаете
Последни објави