Аргентинец потроши 30.000 долари за да изгледа како Мајкл Џексон

Аргентинецот Лео Бланко помина низ многу тешки и скапи естетски операции за да личи што е можно повеќе на покојниот Крал на поп-музиката – Мајкл Џексон.

22-годишниот Лео е голем обожавател на Џексон и не жали што потрошил најмалку 30.000 долари за да изгледа како него.

Тој заработува настапувајќи како имитатор на Кралот на поп-музиката, а повеќето од парите ги троши на операции за да личи на него.

Тој веќе не знае точно колку пари има потрошено на нив.

„Кога ќе почнеш со операциите, нема крај. Нема шанси да направиш само една, две и готово, секогаш сакаш повеќе“, вели Лео во едно од интервјуата со него.

Лео досега ги има направено 11 пластични операции: две за да ги коригира ушите, четири за носот, и два третмани со хијалуронска киселина и ботокс за да ги смени јаболчниците. Направил и три липосукции.

Тој навистина привлекува огромно внимание и има над 40.000 следбеници на Instagram. Лео вели дека сѐ што прави денес е резултат на проблемите со самодоверба што ги имал во тинејџерските денови.

„Никогаш немав многу пријатели во школо. Мислев дека нешто не е во ред со мене или со моето тело. Одев во теретана, ја боев косата… правев сѐ за да изгледам подобро. Иако на крај имав мускули и руса коса, моите врсници никогаш не се интересираа за мене. А денес сум опкружен со луѓе кои ги сакам и кои ме сакаат мене“, изјави Лео.

Мајка му Адријана Карузо воопшто не е задоволна од она што го прави Лео и е загрижена за него.

„Во ред е што го обожава Мајкл Џексон, што го имитира, но дали навистина се потребни сите овие пластични операции? Загрижена сум бидејќи оди на пластични операции како на козметички третман или во фризерски салон. Се плашам дека еден ден ќе умре на некоја од тие операции“, вели мајка му.

„За мене Мајкл е повеќе од уметник“, ја објаснува Лео неговата потреба за оваа драстична трансформација.

Треба да знаете
Последни објави